Др Билал Касами

Билал Касами е роден на 31 јули 1975 година во Тетово.

Во 2000 година, дипломира економија на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Од 2000 до 2004 година работел во Царинската управа на Северна Македонија.

Во 2011 година ја стекна титулата доктор на економски науки на истиот универзитет.

Во периодот од 2005 до 2006 година, тој беше на функција во Министерството за економија на Северна Македонија, каде по истекот на мандатот во 2006 година, се врати на работното место во Царинската управа, каде остана до 2008 година.

Од 2009 до 2014 година беше професор на „Меѓународниот балкански универзитет“.

Од 2014 година тој привремено се повлекува од академскиот живот за да и се посвети на политиката.

Неговата академска кариера беше обновена во 2017 година како професор на повеќе универзитети во Република Косово, каде што продолжува да служи како редовен професор на универзитетот „Дарданија“.

Движењето БЕСА е формирано на 22 ноември 2014 година и тој беше избран за негов прв претседател. Тој е на таа позиција и денес.

На парламентарните избори во декември 2016 година, тој беше избран за пратеник во Собранието на Северна Македонија, позиција што ја извршуваше до 2017 година.

Тој се повлекува од пратеничката функција во 2017 година за да се кандидира за градоначалник на Тетово.

Билал Касами е татко на две малолетни деца.