Движењето БЕСА е посветено на донесување позитивни и одржливи промени за нашиот град. Веруваме дека градот е срцето на секоја заедница, местото каде што луѓето го градат својот живот, ги едуцираат своите деца и ги следат своите соништа. Поради оваа причина, се залагаме за посветена политика која го подобрува квалитетот на животот во секое маало, за секој граѓанин.
Градот е простор каде што можностите за развој, образование и благосостојба треба да бидат еднакви за сите. Движењето БЕСА има за цел да создаде урбана средина каде што граѓаните се чувствуваат вклучени, слушнати и поддржани. Работиме на подобрување на инфраструктурата, зголемување на економските можности и обезбедување подобри јавни услуги за секое семејство.