Потпретседатели

Потпретседатели на Движење Беса

img-78

Беса Кадриу

Потпретседателка

Современи општествени науки

Е-пошта: [email protected]
Адреса: Илиндeнска бр.335
Телефон: +389 44 356 137
Факс: +389 44 356 000

Јазици кои ги познава
Албански
Македонски
Англиски
Германски

img-79

Фатмир Лимани

Потпретседател

Роден е во Кичево на 14 јануари 1973 година, со привремено живеалиште во Општина Петровец, Скопје.
Дипломирал на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Тетово, каде што се стекнал со професија дипломиран професор по историја.
Неговото работно искуство започна во 2005 година, како раководител на бензинската пумпа „Golden oil“ во Кичево, по што во 2007 година станува претседател на Движењето „НДРИШЕ“, како и член на Управниот одбор на АД „МЕПСО“.
Во 2011 година, Лимани станува заменик генерален директор и член на Управниот одбор на АД „ЕМВ“, каде што поминува десет години.
Лимани беше независен кандидат за градоначалник на Општина Кичево во 2021 година, додека во 2022 година стана потпретседател на Движењето БЕСА.
Во 2024 година добива мандат за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија од редовите на Движењето БЕСА.
Во биографијата приложена во Собранието стои дека мајчин јазик на Лимани е албанскиот јазик, додека познава македонски, англиски и германски јазик. Како што е наведено, тој поседува компјутерски вештини во „Microsoft Office - Word“, „Excel“, „Power Point“, „Internet Explorer“, „Windows“, „Outlook Express“ и други.

img-80

Блерим Сејдиу

Потпретседател

ОБРАЗОВАНИЕ
Блерим Сејдиу е роден на 4 септември 1985 година во Тетово. Основното училиште го завршил во Основното училиште „Пашко Васа“ во село Групчин, а средното училиште во Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Постдипломските студии ги завршил на Правниот факултет при Универзитетот ФОН во Скопје, каде што стекнал титула магистер на правни науки.

КАРИЕРА
Блерим Сејдиу како успешен правник успешно и чесно извршувал важни задачи. Бил генерален секретар на ФК Шкендија во најславниот период на овој клуб, од 2008 до 2011 година. Од 2010 до 2016 година бил шеф на Одделот за правни прашања на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје.

26