Тетово, МКВ
Скопје, МКВ
Билал Касами е роден на 31 јули 1975 година во Тетово.
Во 2000 година дипломирал економија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во
Скопје.
Од 2000 до 2004 година работел во Царинската управа на Северна Македонија.
На истиот универзитет, во 2011 година, успешно ги завршил докторските студии и го
стекнал
звањето доктор на економски науки.
Во периодот 2005-2006 година ја извршувал функцијата државен секретар во Министерството
за
економија на Северна Македонија, од каде, по завршувањето на мандатот во 2006 година, се
вратил на работното место во Царинската управа, каде останал до 2008 година.
Од 2009 до 2014 година бил професор на Меѓународниот балкански универзитет.
Од 2014 година привремено се повлекува од академскиот живот за да се посвети на
политиката.
Во 2017 година се враќа на академската кариера како професор на неколку универзитети во
Република Косово, каде продолжува да биде ангажиран како редовен професор на
Универзитетот Дарданија.
На 22 ноември 2014 година, со основањето на Движење Беса, е избран за прв претседател на
партијата, функција која ја извршува и денес.
На парламентарните избори во декември 2016 година е избран за пратеник во Собранието на
Северна Македонија, функција која ја извршувал до 2017 година.
Во 2017 година се повлекува од функцијата пратеник за да се кандидира за градоначалник
на
Општина Тетово.
На предвремените парламентарни избори на 15 јули 2020 година е избран за пратеник во
Собранието на Република Северна Македонија.
На локалните избори на 17 октомври 2021 година повторно се кандидира за градоначалник на
Општина Тетово од редовите на Движење Беса, каде по вториот изборен круг, одржан на 31
октомври 2021 година, е избран од граѓаните на Тетово за градоначалник на
Општина Тетово.
Билал Касами е оженет и има три деца.