Соопштенија

од: ПР

Движењето БЕСА: Резултатите од “ПИСА” – ДУИ успешно го уништи образованието во земјата!

Почитувани медиуми,
Почитувани граѓани,
ДУИ успева успешно да ги спроведе антикосовските политики во нашата земја. Резултатите од уништувачките политики кои се спроведуваат со години веќе даваат позитивни резултати за ДУИ, но загрижувачки и штетни за Албанците. Ова најдобро го покажуваат резултатите од студиите на „ПИСА“ за 2022 година, кои денес беа објавени од Организацијата за соработка и развој на Европа. ПИСА констатира дека во Северна Македонија секој ден квалитетот на образованието опаѓа. Замислете, во сите сфери на образованието, меѓународните студии констатираат дека учениците и студентите во Северна Македонија покажале резултати под просечниот праг кој беше предвиден од страна на ПИСА.
Сите граѓани знаат причините зошто ДУИ, поддржано од СДСМ, го уништува образованието во нашата земја. Знаеме дека министерот за образование, како и неговиот заменик, кои се кадри на ДУИ, наместо да инвестираат во реновирање на училиштата, изградба на кабинети, лаборатории, студентски домови и обезбедување на литература, цела година се грижат само за тоа како учениците да немаат книги, да немаат греење во училиштата, да немаат основни услови за учење и да се разочараат и да заминат.
Додека во албанските општини каде што има инвестиции и развој на образованието, министрите на ДУИ им ги земаат надлежностите на градоначалниците. Додека во македонските општини каде што се попречува образованието на албански јазик, министрите молчат и дури ги поддржуваат.
Ова е ДУИ, несреќата за Албанците, која наскоро ќе оди во опозиција, а младите Албанци ќе имаат соодветен образовен развој!
Валидин Адеми
Департман за образование


26