Почитувани медиуми,
Почитувани граѓани,
Криминалот е во пораст, додека граѓаните се целосно небезбедни од државата. Тие дури велат: „Доаѓа време кога безбедноста за себе и за своите семејства ќе ја земат во свои раце“. Целата оваа лутината на граѓаните и целата оваа несигурност се зголемува уште повеќе по случајот на 14-годишната Вања Ѓорчевска, која беше пронајдена мртва една недела по нејзиното исчезнување! Семјството и роднините останале во анксиозност и надеж дека таа ќе се врати жива. Но, полицијата не успеа. Додека криминалците им требаа само неколку секунди за да ја ограбат и убијат, полицијата имаше потреба од една недела за да ја пронајде мртва. Исто така, беше пронајдено и мртво тело на 74-годишен човек од Велес, за кого се сомнева дека бил убиен од истиот криминален група, која веќе долго време делува во Скопје.
Ова ја открива вистината дека Северна Македонија се претворила во поле на криминал и гнездо на криминалци кои крадат, ограбуваат и убиваат граѓани, а истовремено го збогатуваат власта. Само во последните месеци имавме неколку пати пукање и повреди на јавни места и трговски центри, дрога се шири во секој локал и средни училишта, додека бројот на криминалците се зголемува. Но, казната и одговорноста за нив не постојат. Е повеќе од јасно е дека ако функционерите на власта, а особено полицијата, не би соработувале со криминалците, криминалот немаше да достигне вакви размери. Затоа, скандалите и криминалите кои се случуваат секој ден само се задушуваат и игнорираат од властите, почнувајќи од премиерот, министерот за внатрешни работи и до најмалите функционери.
По сето ова, ако министерот Оливер Спасовски и заменик-министерот Назим Буши имаат барем малку совест и морал, треба веднаш да поднесат оставка. Во спротивно, сме сигурни дека криминалот ќе се зголеми, несигурноста на граѓаните ќе биде уште поголема, а земјата ќе ризикува да прележи во анархија каде што секој граѓанин ќе се грижи за својата безбедност и за безбедноста на своите деца.
Лулзиме Амети
Говорник на Движењето БЕСА