Соопштенија

од: ПР

Движењето БЕСА: МВР не успева да ги издаде документите.

Министерството за внатрешни работи не успеа да го организира процесот за издавање на лични документи, кои граѓаните треба да ги сменат до февруари идната година! Иако се наоѓаме во време на криза, граѓаните се принудени по втор пат да платат за да ги добијат своите лични документи, дури и со многу повисока цена од претходно. Во Скопје, илјадници граѓани се мачат чекајќи со часови, на ладно и на дожд, на ЕДНА ЛОКАЦИЈА во целиот главен град!
Ова е слика која ги враќа сеќавањата на комунизмот, кога државата ги принудуваше граѓаните да чекаат во ред за леб или литар млеко. Ова докажува дека оваа држава не работи за олеснување на животот на граѓаните, туку за целосен контролирање на нив и враќање во диктатура. Во овој случај, двојно повеќе дискриминирани се албанските граѓани, кои иако чекаат и по пет часа за да се фотографираат, администраторите им велат дека нема пасоши на два јазици. А ако сакаат да добијат пасош и на албански јазик, тогаш ќе мора да чекаат повеќе од еден месец!
Оваа ситуација покажува за дискриминацијата и потиснувањето на сите аспекти со кои се соочуваат и албанските граѓани. Но ситуацијата ќе стане уште покомплицирана со доаѓањето на дијаспората за време на новогодишните празници, кога флуктуацијата на точките на МВР ќе биде многу поголема. Затоа, бараме Министерството за внатрешни работи да преземе конкретни чекори:

Отворање на најмалку уште 10 ЛОКАЦИИ за издавање на лични документи без термин во Скопје;
Продолжување на рокот за издавање на лични документи до СЕПТЕМВРИ 2024 година!
НАМАЛУВАЊЕ НА ТАРИФИТЕ за издавање на лични документи, бидејќи повторното издавање на овие документи е наметнато од договорот со Грција, а не по вина на граѓаните!
Ако Министерството за внатрешни работи и Владата ги игнорираат овие барања и не преземат мерки за олеснување на процедурите и намалување на цените, тоа ќе значи дека овие властодржци работат само за мачење и изнуда на населението.**
Хасим Муртезани
Департман за внатрешни работи на Движењето БЕСА!


26