Соопштенија

од: ПР

Европската Лига за Промени: Стево Пендаровски го заврши мандатот на најнепосакуван начин.

Како што e знаат граѓаните, претседателот Пендаровски цело време се претставуваше како претседател на сите, но всушност остави многу да се посакува за да го заслужи овој атрибут.

Го слушавме претседателот Пендаровски да зборува многу пати за мултиетнички вредности, но кога требаше да се докаже дека навистина верува во тие вредности, го покажа спротивното. Тој остро реагираше против химната и знамето на Албанија на собирите на Албанците, дури не се двоумеше да нарече таков потег шовинистички, но не го слушнавме да реагира против некој вистински шовинистички потег, како што беа последните протести и отпорот за отворање на паралелки на албански јазик во општина Чашка.

Го слушавме да зборува стотици пати против корупцијата, но молкот и незаинтересираноста за проширување на црната листа со функционери од Северна Македонија, а уште повеќе неговиот декрет во промените на Кривичниот законик, кој го амнестираше криминалот и државната корупција, го направија да потсетува повеќе на својот претходник отколку на претседател кој стои на чело на борбата против корупцијата.

Го слушавме да зборува за демократски вредности и интеграција, но не го слушнавме да каже ниту една реч за прашањето за член на опозицијата во Државната изборна комисија, кој е фундамент за слободни и демократски избори. Тој молчеше и за скандалозниот извештај за напредокот на РСМ, како и за критиките на Европската комисија за злоупотреба на знамето на ЕУ, што многу зборува за интеграцијата на земјата во ЕУ.

Имаше многу зборови за правдата, но молчеше на притисокот кој му се правеше на претседателката на Врховниот суд.

Она што му должи на објаснување пред граѓаните е тоа што во неговата канцеларија се креирале планови за враќање на Груевски и тој тоа го држел тајна од граѓаните.

Покрај тоа, треба да го објасни и својот став во однос на поддршката за Александар Вучиќ на изборите во Србија, што претставува изузетно голем проблем за Албанците во Северна Македонија.

Како заклучок, можеме да кажеме дека, на крајот од неговиот мандат, претседателот Пендаровски беше претседател со добро амбалажирани изјави, но останува без резултати и неуспешен во пракса.

Сето ова нè уверува дека тој не го заслужил да го слушаме денес. Ова е уште една причина да се изјасниме дека Европската Лига за Промени ќе кандидира свој кандидат на претседателските избори, додека ние имаме јасно појаснување зошто БДИ продолжува да се крие зад кандидати на СДСМ – тие знаат дека народот ќе ги казни заедно на избори.

19.12.2023
Европската Лига за Промени


26