Лидерите на Европската Лига за Промени, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Мехити, денеска, во Тирана, остварија средба со Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај. На оваа пријателска и конструктивна средба беа потврдени одличните односи и потребата од продлабочување на соработката помеѓу двете земји, но и односите помеѓу интелектуалните и политичките сили во нашите земји, сè со цел остварување на амбициите на албанскиот народ за интеграција во ЕУ. За време на оваа средба беа дискутирани и актуелните политички околности и случувања, предизвиците со кои се соочуваме како држава и регион во однос на геополитичките случувања и интеграцијата. Исто така, лидерите ја искористија можноста да го споделат со Претседателот некои од приоритетите на Лигата за европска интеграција и борба против корупцијата, кои се најголемата причина за големата миграција на граѓаните. Според нив, овие цели може да се постигнат само по промената на политичката сцена во Северна Македонија на изборите во 2024 година. Претседателот Бегај го поздрави ангажманот на политичките партии на Албанците во Северна Македонија и охрабри да амбициите на Албанците за интеграција во ЕУ бидат главна тема на политичкиот ангажман на Албанците во Северна Македонија.
Европската Лига за Промени
Скопје, 21.12.2023