Соопштенија

од: ПР

Движењето БЕСА - Огранок Тераце: Општина Тераце продолжува со старата практика - не доделува средства за капитални инвестиции.

Иако општина Теарца веќе две години има нов градоначалник, таа продолжува да ја практикува старната пракса и продолжува да не функционира како што треба. Прво, предложените програми секоја година се исти, правејќи само copy paste и не менуваjќи ништо. За жал, буџетот за 2024 година е само за плати и внатре нема ниедно средство наменето за капитални инвестиции за доброто на жителите на Теарца.
Оваа општинска гарнитура воопшто не покажува интерес за конкурирање во различни меѓународни проекти и за ефикасно користење на фондовите на ЕУ. Ова покажува дека општината нема ефикасна администрација, барем за да добие еден мал проект за уредување на образовната инфраструктура.
Со жалење констатираме дека и овој буџет нема ништо за граѓаните, имајќи ги предвид фактот што општината троши 8 милиони денари за вработувања со договор на дело и тоа покажува каква тежина им се создава на општинскиот буџет, знаејќи дека Теарца е рурална општина и има мал годишен буџет.
Ние, советниците од Левица БЕСА, сметаме дека старата пракса продолжува и за тоа се уверени граѓаните, а на следните избори победник ќе биде Левица БЕСА, бидејќи има јасен програм и платформа за управување со институцијата и користење на јавните пари.

Левица БЕСА - Огранок Теарца


26