Самитот на министрите на ОБСЕ кој се одржува под покривот на објектот вклучен во криминал!
Актуелната корумпирана влада ДУИ/СДСМ го одреди местото за организација на овој настан токму во салата „Борис Трајковски“, каде пред три месеци беше извршено перење на коруптивни пари во вредност од 1,8 милиони евра од страна на донаторската компанија на ДУИ позната како ЕУРОВИА, која во сосема сомнителни и нетранспарентни околности го доби споменатиот тендер!
Движењето БЕСА го крева гласот и ги информираше претставниците на ОБСЕ за овој случај, затоа што токму таму каде што оваа КОРУМПИРАНА ВЛАДА ДУИ/СДСМ ве има покането на гозба, токму таа сала е модифицирана со пари на даночните обврзници на нашата земја, а иронично, тој тендер го доби блиската компанија на ДУИ.
Исто така, точно пред три месеци ја информиравме јавноста дека сомнителниот коруптивен тендер од 1,8 милиони евра за прилагодување на салата „Борис Трајковски“ за Самитот на министрите на ОБСЕ го доби кланската компанија на ДУИ!
Ги повикуваме ОБСЕ, како сериозна европска организација која со децении придонесува во нашата земја, да се заинтересира за тоа со какви финансиски средства беше направено уредувањето на таа сала, колку чинеше таа сала и како е можно токму лобистичката компанија на ДУИ да го добие одредениот тендер!
Исто така, ги повикуваме сите надлежни органи да објаснат и да се изјаснат дали изразиле интерес и спровеле истрага за оваа коруптивна афера, почнувајќи од Јавното обвинителство, Комисијата за антикорупција и Државниот ревизор, за да се открие вистината за тоа како од сите апликанти на тендерот, тендерот од 1,8 милиони евра го доби донаторската компанија на ДУИ.
Одговорните институции се обврзани итно и сериозно да постапат за да го расветлат случајот без да бидат подложени на политички притисоци, за да се разјасни вистината за овој мега сомнителен и симптоматичен тендер кој содржи елементи на коруптивна афера!
Ако овој криминал се замолчи сега, наскоро ќе дојде денот кога некој друг ќе ја открие вистината, но тогаш ќе има одговорност за сите оние кои ги извалкале рацете со криминал.