Ролата на Кренар Лога како министер кој треба да ги брани криминалците на БДИ и СДСМ за да се спаси себе и Зијадин Села, се открива секој ден.
Во моментот кога САД прогласија дека предложениот закон за казнување на оние кои се на Црната листа на Америка е добредојден, Кренар Лога во соработка со Талат Xхафери се каат и го повлекуваат законот од парламентарната процедура, со образложение дека има потреба од административни промени, или пак дека Владата не може да казнува бидејќи не е суд.
Ќе го прашаме кратко Кренар Лога, зошто е против овој закон, за Коцо Ангјушев да продолжи да зема тендери од Владата, како што го направи со модуларните болници, за функционерите за кои САД констатирале злоупотреби и криминал, да продолжат да останат на позиции и да го крадат народот. Или пак немате информација дека и сопствениците на СОРАВИСА и ЕУРОВИСА со своите семејства ќе влезат на Црната листа и ќе не можат да земаат тендери?
Можеби уште сакате Рамиз Мерко да го имате за градоначалник и Зијадин Села заедно со него да му ја праќаат отуѓената имот од граѓаните на своите семејства во САД?
Ако овие се причините, ви разбираме, но тоа нема да ви трае долго, бидејќи сега народот и вас заедно со БДИ ве стави на Црната листа и ова ќе го разберете на 8 мај.